| четврток, 6 декември 2018 |

Бескуќник донирал 250 долари во црковна организација (видео)

Бездомник од Лос Анџелес донирал 250 долари во црковна организација. 77 годишниот Ед Денст ги дал парите во банкноти од по еден долар на организацијата  Saint Vincent de Paul што го прехранувала цела година.

-Бев шокирана, но ова има многу поголемо значење од било која донација од луѓе кои дале многу повеќе – велипретседателката на организацијата.

Денст е на улиците веќе 23 години, откако ги изгубил жената и ќерката. Во оваа кујна се прехранува дваесетина години. Вели, луѓето помагаат на другите и затоа сум благодарен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top