| четврток, 6 декември 2018 |

Хотел во Њујорк ги одзема сите технолошки апарати за еден викенд, за гостите да се одморат

Дали би можеле да издржиме без технологија цел викенд? А токму еден таков „дигителен детоксикациски” викенд за двојки, нуди хотелот „Сенчуар” во Њујорк.

Хотелот е сместен на „Тајмс Снвер” и на двојките им нуди пакет за бегство од секојдневните активности, кои ќе им овозможат повторно поврзување без технологија.

По доаѓањето во хотелот, на сите заинтересирани двојки им се одземаат сите видови технолошки апарати, кои ќе бидат повлечени на некое сигурно место и вратени дури на заминувањето.

Значи, ако мислите дека можете да издржите повеќе од два дена, само напред. Ваквата понуда на многу двојки им звучи застрашувачки, истовремено звучи и многу интригантно, а сето тоа кажува колку навистина сме зависни од технологијата. Но, ја поддржуваме понудата на споменатиот хотел, која на модерните двојки им нуди искуство на летување како од младите денови на нивните родители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top