| четврток, 6 декември 2018 |

Манолиќ на 97 се ожени со 40 години помлада

Поранешниот хрватски премиер и некогашен југословенски разузнавач, 97-годишниот Јосип Манолиќ се ожени со неговата 37 години помлада „девојка“ Мирјана Рибариќ, јавија денеска хрватските медиуми.

Двојката заклучила дека повеќе не треба да живеат невенчани и затоа се регистрирале. Меѓутоа, сепак тие не планираат да одат на меден месец.

Првата сопруга на Манолиќ, Марија Екер Манолиќ, загина во пожар во 2003 година на 82-годишна возраст.

Манолиќ е еден од основачите на Хрватската демократска партија (ХДЗ) и близок соработник на првиот претседател на независна Хрватска, Фрањо Туѓман.

Денес, тој е во пензија и не се занимава со политика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top