| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган ги бара од Рама главите на ѓуленистите во Албанија

Rama-erdogan-2

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган  побарал од официјална Тирана да ги достави имињата на приврзаниците на Ѓулен во Албанија, кои во основа имаат свои активности во сферата на невладините организации и медиумите и се приврзаници на организацијата ФЕТО.

Албанските медиуми објавија  дека оваа информација е добиена по  одредени канали од албанското министерство за надворешни работи, во кое според истите извори, во детали се наведуваат барањата на претседателот на Турција за помош од страна на неговиот албански премиер  Еди Рама, инаку близок пријател на Ердоган.

Во писмото се наведува дека  финансирањата во Албанија на противникот на Ердоган Ѓулен пристигнувале преку организацијата ФЕТО која се следи од страна на турските институции. Ердоган ја бара  ‘главата’ и на албанските приврзаници  на Ѓулен, меѓу кои има политичари, бизнисмени, активности во невладиниот сектор, како и вработени во медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top