И покрај амсовните напади Викиликс успеа да објави речиси 300.000 мејлови и илјадници документи на владејачката партија во ТУрција, јавува Раша тудеј.
Пред два дена Викиликс најави дека планира да објави документи за структурите на политичка моќ во Турција по неуспешниот обид за пуч.
Дел од 294.548 мејлови на Партијата за правда и развој на Ердоган (АКП) објавени се во 23 часот по турско време.
„Викиликс го забрза објавувањето на документите како одговор на чистката во Турција по обидот за државен удар“, стои во соопштението на Викиликс.
„Ги веригикувавме материјалите и изворот кои на ниту еден начин не се поврзани со обидот за државен удар, ниту со ривалските политички партии или држави“, нагласено е во соопштението.
RELEASE: 294,548 emails from Turkey’s ruling political party, Erdoğan’s AKP #AKPemails https://t.co/1Yof7YZpH7 pic.twitter.com/GGzGS8oUrY
— WikiLeaks (@wikileaks) July 19, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.