Бугаринот Николај Жељазков е именуван за нов тренер на македонската машка одбојкарска репрезентација, соопшти Одбојкарската федерација на Македонија.
Жељазков (46), всушност, повторно се враќа на кормилото на нашиот национален тим на кое беше до 2014 година. Сега доаѓа на местото на Жарко Ристовски кој по настапот на Ф4 од Евролигата си поднесе оставка.
-Тренерот со кого нашата репрезентација постигна најголем успех во еден квалификациски циклус повторно е на кормилото на машата селекција. Ники ги познава доволно добро играчите и е мотивиран да продолжи онаму каде што застана во 2014 година – соопштија од Одбојкарската федерација на Македонија.
Жељазков претходно во својата кариера бил селектор и на Бугарија, а ги предводел и тимовите на ЦСКА Софија, грчкиот Олимпијакос и бразилски Фламенго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.