Припадничка на Кудрите од племето Јазиди која преживеала заробеништво и мачење од Исламската држава го видела својот злоставувач во Германија.
Таа моментално е на психолошки третман во Германија, а неодамна го видела џихадистот кој ја малтретирал и злоставувал четири месеци додека била во заробеништво.
Џихадистот, за кој вели дека е со сириско потекло, сега живее со семејството во бегалскиот камп во Германија.
Активистка која им помага на жените Јазиди да се ослободат од заробеништво, вели дека го препознала џихадистот во продавница во Баден. Веднаш го пријавила на германската полиција џихадистот кој ја злоставувал четири месеци.
Откако членовите на ИСИС го нападнаа градот Синџар во ирачкиот дел на Курдистан во кој живеат Јазидите, во средината на 2014 година спроведоа голем број на злочини врз населението, во кој спаѓа и масакрот на над 5000 мажи. Киднапираа околу 5000 жени и девојки, кои ги направија робинки.
Околу 2000 од тие усеаја да се ослободат од ИСИС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.