Одржана ждрепката во Виена, македонските екипи ги дознаа своите противници за новата сезона во европските ракометни купови (ЕХФ и Челинџ).
Ракометарите на Прилеп во ЕХФ Купот ќе играат против екипата на Винтертур од Швајцарија. Првиот меч ќе се одигра на 3 или 4 септември во Прилеп, а реваншот на 10 или 11 септември во Винтертур.
Битолски Пелистер во 3. коло на Челинџ Купот за противник ќе ја има екипата на Вогошча Пољине од БиХ. Првиот меч ќе се одигра на 19 или 20 ноември во Битола, а реваншот на 26 или 27 ноември во БиХ.
Во женска конкуренција, ракометарките на ЖРК Куманово ќе се сретнат со шпанската екипа Хелветиа Алсобендас во 2. коло на Челинџ Купот. Прво ќе играат на домашен терен на 15 или 16 октомври, а реваншот е седум дена подоцна во Шпанија.
Вториот тим на ЖРК Вардар, како носители во Челинџ Купот се вклучуваат во 3. коло, во кое за противник ќе го има бугарскиот тим Свиленград против кој првиот меч ќе го игра на гости на 12 или 13 ноември, а реваншот во Скопје ќе биде на 19 или 20 ноември. За потсетување, минатата сезона ракометарките на Вардар СЦЈС предводени од тренерот Симе Симовски стигнаа до четвртфиналето токму на Челинџ Купот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Голем успех за охриѓани: „Рибарите“ преку Волендам до втората фаза на ЕХФ Купот
-
Митревски продолжува со одличните настапи за Бенфика
-
Да ти е ќеф да бидеш фотограф, ракометарките на Холстебро голи го покажаа трофејот од ЕХФ
-
Вардар јуниор е подготвен за предизвикот од Челинџ купот против Карпати (видео)