Ракометарките на Вардар јуниор подготвени ја пречекуваат екипата на Карпати во рамките од четвртфиналето од Челинџ купот. Првиот натпревар се игра во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ в понеделник од 18.30 часот.
Тренерот на екипата Симе Симовски истакна дека ракометарките напорно работат цел месец и се подготвуваат за овој двомеч.
– Имавме време околу еден месец да се подготвиме. Карапати е уште еден предизвик за нашиот млад тим и верувам успешно ќе ја минеме и оваа пречка. За нас е голем успех што стигнавме до овде и ова е големо искуство за нашата млада екипа. Карпати е противник од наш калибар, со ракометарки кои се приближно на иста возраст како нашите , со исклучок на две ракометарки кои се малку посикусни. Ако ја пруижиме нашата препознатлива игра со добра одбрана, би требало резултатот да биде во наша полза – изјави тренерот на Вардар јуниор, Симе Симовски.
Во претходните две кола Вардар јуниор и двата меча против Лондон Енџејлс и Минаква Војводина ги одигра на свој терен. Ова ќе биде прв дуел каде што ќе мора да одигра и на гости.
– Малку сме специфични како екипа. Кога ќе ни тргне играме добро и надвор и дома и мислам дека тоа не би требало да ни биде проблем. Во дуелот со Карпати, за нас е најважно добро да го одиграме овој прв меч на домашен терен, да направиме добар резултат и после да мислиме за реваншот – истакна Симевски.
Во името на ракометарките капитенот Маја Трпковска и бекот Симона Стојановска ветија беспоштедна битка со цел да се оствари победа изразена со поголема разлика за помирен реванш во Украина.
– „Атмосферата во екипата е одлична. Ќе се залагаме максимално, ќе се бориме за екоја топка и ќе го оставиме срцето на терен за оваа млада екипа да оствари историски успех. Ќе се обидеме да одиграме како што трениравме и како што се подготвувавме за овој дуел со Карпати. Се надевам дека ќе ја оствариме целта и ќе ја израдуваме нашата публика со победа – додадоа ракометарките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)