Израелските напади на сириска теритоија значат објавување на војна, порача заменик сирискиот шеф на дипломатијата Фаизал ал Мекдад. Тој за американската СиЕнЕн рече дека последните воздушни напари ги оценува како „сојуз на Израел со исламските терористи“. Израелската армија размести ракетен одбранбен систем, „железна купола“ на север, само неколку часа откако Израел изврши воздушен напад врз воени цели на Сирија, близу Дамаск, што потврди и сириската национална телевизија. Всушност, Тел Авив вели дека гаѓал цели, ракетни системи кои „од Иран се дадени на Хезболах, либанската шиитска организација“.
Израелскиот напад врз Сирија се случува во моменти кога САД разгледуваат како да одговорат на наводите дека властите користат хемиско оружје против бунтовниците во граѓанската војна која трае повеќе од две години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


