| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус ја слави 29. титула во Серија А, Клосе даде 5 гола за Лацио

Јувентус е нов шампион на Италија, по победата од 1-0 против Палермо, во 35. коло од Серија А. За „Старата Дама“ од Торино, тоа е 29. титула, иако 32. пат беа шампиони, но две титули им се одземени поради аферата со наместени резултати.

Чилеанецот Артуро Видал со гол од пенал донесе радост кај „црно-белите“, кои стасаа до круната на 3 кола пред крајот. Имаат недостижна предност од 11 бода пред Милан, кој денеска победи со 1-0 против Торино.

Вистински куриозитет е што сите 7 денешни мечеви завршија со победи на домашните екипи. Тие дадоа 20 гола, а примија само два. Најефикасен беше Лацио кој ја декласира Болоња со 6-0.  Мирослав Клосе направи редок подвиг, постигнувајќи 5 гола за лацијалите.

 

Резултати, 35. коло: Јувентус – Палермо 1-0, Милан – Торино 1-0, Лацио – Болоња 6-0, Катанија – Сиена 3-0, Џенова – Пескара 4-1, Парма – Аталанта 2-0, Удинезе – Сампдорија 3-1. Вчера: Киево – Калјари 0-0, Фиорентина – Рома 0-1. Вечерва играат Наполи и Интер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top