| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање и во Англија – убиени три лица

Три лица се убиени во пукотници кои денеска се случиле во близината на базенот на спортски комплекс во Спалдинг, Англија, јавува „Би-Би-Си“. Меѓу убиените е и вооружениот напаѓач, соопштила полицијата.

Очевидци, кои во моментот на нападот биле во близина на базенот, за „Телграф“ изјавиле дека се слушнале само три истрели, што укажува на тоа дека може да се работи само за семејно насилство, а не тероризам. Наводно, убиецот е маж кој прво ја застрелала својата сопруга, ќерката, па себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top