| четврток, 6 декември 2018 |

Генијалец поголем од Стив Џобс: Кој е творецот на „Покемон гоу“?

Творецот на играта Покемон гоу е семеен човек кој со сопругата и трите деца живее во гратче од илјада жители и со само еден семафор

Иако покемоните славата и парите ги стекнаа уште пред 25 години, последниов период сиот свет зборува за нив, а и ги брка. Неверојатниот успех на покемон во оваа година е несоменен, а татко на Покемон е Јапонецот Сатоши Таџири, кој ги разви за Нинетендо гејмбој, за подоцна да прераснат во франшиза од која произлегоа филмови, серии и уште игри. Уште пред 25 години играта со симпатичните суштества беше продадена во 200 милиони копии.
Самиот Таџири ретко се појавува во медиумите, а денес тежи повеќе од пет милијарди долари, што не чуди ако знаеме дека до мај годинава играта заработи 45 милијарди долари.

18ac37d6053cd2bfadfe320900a3406c

Но, сега Џон Ханке, Тексашанец од Крос Плеинс, место со само лјада жители и еден семафор, го повтори тој успех. Семеен човек со три деца, кој дипломирал на Унниверзитетот во Тексас, а кариерата ја направил во Гугл, каде што бил шеф на една од нивните стартап компании, Нијантик. Оние кои го познаваат тврдат дека е неоспорно гениј еднаков на Стив Џобс. Тој дури и има некои особини како и Џобс: тешко комуницира, затворен е, но од секогаш имал идеја дека луѓето треба да уживаат во светот, а не да го поминуваат времето на компјутер. Гугл го забележал, па за 35 милиони долари ја купиле неговата компанија за сателитска картографија Кихол. Подоцна таа фирма стана Гугл ерт. Токну со Стив Џобс Хенке преговарал за да се стави Гугл мапс на ајфон, што сигурно многу помогна мапите да станат втор производ на Гугл по пребарувачот.

fa42b900cba285a817cd7d9d65bdfefc

Но, уште пред една година творецот на Покемон гоу поради реформирање на Гугл и Алфабет, дошол во незавидна ситуација, Не сакал веќе да чека, па предложил газдите да му дозволат да бара надворешни инвеститори. Гугл задржал 30 проценти, а поголемиот дел од останатите средства Џон Ханке ги добил од Нинтендо и Покемон , компанијата која ги има авторските права.

2007748d601b44218abc474a91bd12f5

Искуств во создавање игри, секако има. Џон Хенке и соученик уште ја изработиле играта Меридијан 59, првата комерцијална масовна онлајн игра со улоги.

Со Нијатек ја изработил играта Ингрес, која иако одлично поминала меѓу играчката попиулација не бикла доволно сериозна за Гугл. Затоа во играта која се темели на подобрување на стварноста Хенке одлучил да уфрли мотив познат на светската публика. Размислувал за Супер Марио и Донки Конг, но дискусијата постојано се враќала на Покемоните, бидејќи на милениумците им е најпознат цртан лик.

3074ad636290139a6878fc076b01eff4

Сосема случајно еден од гугловите јапонски инженери веќе започнал преговори со Покемон за тоа каде би се барале на Гугл мапс. На покемоновците идејата толку им се допаднала што на Хенке само му преостанало да ги пренасочи преговорите кон мобилна игра и да ја доврши. Притоа си забил и автогол. Поради огромниот интереси Покемон гоу бара негов речиси постојан ангажман така што и не стигнува да ја игра играта. Едвај стигнал до петтото ниво.

4b1907bf2f52f3343341946ff6cedd8f

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top