| четврток, 6 декември 2018 |

Француската полиција најде експлозиви кај таксист- радикален исламист во Париз

francuska policija

Полицијата уапси еден таксист во париз, откако во неговиот дом бил пронајден екслопзив, јавуваат француските медиуми. Полицијата го следела човекот и го претресла неговиот дом во неделата вечерта, во јужно предградие на Париз, по случај на кражба, јави Europe 1 во вторник.  Се работи за 23-годишен таксист, кој крадел во домовите на своите клиенти, откако ќе ги однесел на аеродром.

Осомничениот ѝ бил познат на разузнавачката служба на Франција, кого го нарекувале „fiche S”, назив користен за луѓето кои се сметаат за специфична закана по безбедноста и ги вклучува оние кои се сметаат за радикализирани.

Полицијата во неговиот дом пронашла динамит, детонатори и кабли за детонирање. Направите биле потполно во функција. Полицијата нашла и фотографија од знаме од Исламска држава на телефонот на таксистот, како и една лична карта на друго лице, украдена минатата недела.

Апсењето се случува неколку дена по нападот од радикален исламист кој со камион прегази и усмрти 84 лица во Ница, кои присуствуваа на прославата на Падот на Бастиља. Франција за уште три месеца го продолжи зголеменото ниво на безбедност, кое требаше да заврши на крајот на јули. Вонредната состојба беше воспоставена по нападите на 13-ти ноември, лани, кога 130 луѓе беа убиени во Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top