Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај изјави дека Приштина во рок од две години треба да изврши „демаркација на границата“ со Србија и притоа го обвини Белград за „непријателска политика кон косовската држава“, пишува денеска приштинскиот весник „Епока е ре“. Според него, Спогодбата за интегрирано управување со премините од 2011 година беше „ништо помалку од вистинско признавање на меѓусебната граница“.
Според Хоџај, до демаркација треба да дојде во рок од две години, бидејќи тоа „е најдолгата и стратешки најважната граница за Косово“ и затоа што Србија, како што тврди, „ја продолжува непријателската политика кон косовската држава“.
– Во минатото Србија водеше непријателска политика кон граѓаните, а сега ја води кон нашата држава. Затоа едно од следните прашања треба да биде демаркација на границата – рече Хоџај.
Според него, Спогодбата за интегрирано управување со премините од 2011 година беше „ништо помалку од вистинско признавање на меѓусебната граница“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации