Помалку од една година откако трае љубовна врска, сестрата на војвотката од Кембиџ, Пипа Мидлтон доби понуда за брак.
По кралската свадба во Велика Британија, медиумите не престануваат да го следат животот на една од најпосакуваните дами во Британија и наведуваат дека била поприлично изненадена кога нејзиното момче, менаџерот и мултимилионерот Џејмс Метјус (40) ја побарал за жена.
На венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон најмногу внимание доби сестрата на војвотката од Кембиџ, Пипа Мидлтон (32). Пипа била воодушевена од неговата понуда за брак, а венчавката ќе се случи следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.