Сопругата на Доналд Трамп, поранешниот фото модел Меланија, стана централна личност на првиот ден од Конвенцијата на Републиканската партија, на која нејзиниот сопруг треба и официјално да биде прогласен за претседателски кандидат, откако американките медиуми нејзиниот говор го прогласија за плагијат.
Според телевизијата Си-Ен-Ен, Меланија Трамп презела „бареме еден цел пасус“ од истиот таков говор на Мишел Обама на Конвенцијата на Демократската паретија на САД во 2008 година.
Зборувајќи за својот сопруг, Меланија ги користела истите зборови и фрази за да го велича Доналд Трамп, како човек кој има разбирање и за другите и сочувствува со нив, како и дека се бори за својата земја.
Обвинувањето за плагијат на потенцијално идната „прва дама“ на САД, ги засени сите други настани и случувања на Конвенцијата на републиканците.
Ова беше прв јавен настап на сопругата на Трамп и медиумите тврдат дека при правењето на говорот за Конвенцијат, и помагал тим од пишувачи на говори, што не е ништо невообичањрно.
Во соопштението на советникот за комуникации на Трамп се вели дека излагањето на сопругата Меланија е „убаво и топло“ и дека оние кои и помагале при пишувањето се раководеле од нејзините мисли и погледи, користејќи ги нејзините впечатоци како имигрант во САД.
Меланија Трамп по потекло е од Словенија и во изминатата година, откако Трамп се промовираше себе си на американската политичка сцена како кандидат на републиканците за иден претседател на САД, таа стоеше сосема настрана од јавните настапи на нејзиниот сопруг, за разлика од однесувањето на сопругите на другите кандидати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)