Кристина Сајмос и нејзиниот 18-месечен син Камерон се нашле заробени во домот кога станбениот блок каде што живееле о зафатил силен пожар. Пожарот го зафатил и влезот во зградата, па немало можност да излезат, па Кристина го зграбила синот во прегратка и скокнала од прозорец од висина од 10 метри. Падот на детето го ублажила со своето тело.
– Знаев дека ќе умреме ако не излеземе од станот, вели таа за АБЦ њуз. Скокот резултирал со повеќе скршеници и со сериозно оштетување на карлицата. Многу малку фалело да го загуби животот.
– Мојот живот не е ништо во споредба со неговиот. Син ми е секогаш на прво место, ја образложува одлуката да скокне.
Кога паднале на земја, таа била неподвижна. Ја нагмечила карлицата, па парализирана успеала да го насочи детето да се оддалечи од зградата од која паѓала граѓа во пламен, а потоа некако успеала и таа да се оддалечи од пламенот.
Веќе имала неколку операции, но за жал се уште е неподвижна иако почнала да ги мрда прстите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)