Сите се сложуваме дека на мобилните телефони под итно им се потребни помоќни батерии, бидејќи тие не можат да издржат ни 24 часа ако не се напојат со енергија.
Но, делумно и самите корисници се виновни бидејќи не ја полнат батеријата на вистински начин. Според податоците на компанијата „Кадекс“ која се занимава со производство на батерии, литиум јонските батерии се многу чувствителни на „стресот“ на кои ги изложуваме, што доведува со скратување на траењето.
Ако сакате батеријата на вашиот телефон да работи со полн капацитет, треба да знаете неколку работи:
Не го оставајте телефонот на полнач откако батеријата ќе биде наполнета
На тој начин се оштетува батеријата.
Не ја полните батеријата до максимум
Според „Кадекс“ литиум јонските батерии воопшто не треба да се полнат до максимум. Подобро да остане под највисокото ниво, бидејќи високата волтажа и штети на батеријата. Подобро е во текот на денот повремено да ја надополните, отколку еднаш и до крај.
Ставете го телефонот на полнач секогаш кога ќе можете
Овие батерии многу подобро функционираат кога се полнат повремено, отколку кога целосно ќе се испразнат. Во најдобар случај треба да го дополните телефонот штом изгуби 10 отсто од батеријата.
Разладете го телефонот
Батеријата на мобилните телефони се чувствителни на топлина, па многу производители препорачуваат да се отстранат маските на телефоните за време на полнењето. И сонцето ја оштетува батеријата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


