Финале на турнирот во Торино, освојување на пехарот во Штутгарт и ново полуфинале на турнирот во Бурса на Лина Ѓорческа и донесоа нов значителен напредок на најновата ВТА ранг листа.
Минатата недела, најдобрата македонска тенисерка беше рангирана како 251. рекет во светот во женска конкуренција додека денес, една недела подоцна, е рангирана како 220. Покрај огромен личен успех, најдобриот ранг на Ѓорческа е и најдобар за Македонија во историјата на овој спорт.
Иако во полуфиналето од турнирот во Бурса беше елиминирана, сепак Ѓорческа напредна и на ранг листата за двојки. Минатата седмица Ѓорческа беше на 199. место додека на најновата листа е на 186 позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.