-Експресното приведување судии и други лица по неуспешниот обид за преврат во Турција покажува дека Владата во Анкара имала претходно подготвен список „за отстрел“- изјави денеска еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.
По неуспешниот обид за воен удар во ноќта меѓу петокот и саботата, турските власти веќе во неделата приведоа околу 3.000 осомничени учесници во пучот од армијата од високи команданти до обични војници, и, исто толку судии и обвинители.
-Најмалку што изгледа е дека нешто било подготвено. Списоците се тука и тие покажуваат дека сето ова било подготвено и требало да се искористи во определена фаза- рече Хан.
-Многу сум вознемирен. Ова е точно она од што стравуваме- додаде еврокомесарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.