Лидерот на Единствена Србија, Драган Марковиќ Палма, го предложи вчера во Лесковац претседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ за кандидат на коалицијата на претстојните претседателски избори во Србија, кои треба да се одржат во редвен термин во 2017 година.
-Ова што ќе го кажам денес, сигурен сум дека че даде резултат. Единствена Србија ќе предложи, а и вам ви предлагам, наш кандидат за следните претседателски избори да биде Ивица Дачиќ, рекол Палма на собирот организиран по повод 26-годишнината од формирањето на СПС.
Тој додал дека Главниот одбор едногласно го прифатил предлогот, но лидерот на социјалистите одговорил: „Ќе видиме“.
Зборивајќи за најголемите достигнувања во 26-те години Дачиќ го истакнал Дејтонскиот договор и Резулуцијата 1244, но и повторил дека би требало да се преиспита оправданоста на бомбардирањето на Србија во 1999 г.
Новиот министер за надворешни работи на Англија, Борис Џонсон, учестввуаше во сите активности во 1999 година со српскиот народ на мостовите, зашто беше против бомбардирањето на Србија, односно Сојузна Република Југославија, рекол Дачиќ и додал дека кога тогаш некој ќе одговара за бомбардирањето.
Дачиќ, кој е и министер за надворешни работи во техничката влада на Србија, рекол дека Србија „има несогласувања со Турција“, но го осудил обидот за дрѓавен удар во земјата, и го споредил со 5 октомври 1999 г. во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дачиќ: Србија е подготвена за компромис
-
Глумицата Јана Стојановска пее во дует со Ивица Дачиќ „Како ми недостајеш“ (видео)
-
Не знае англиски, ама пее на турски-Дачиќ му запеа на Ердоган, Вучиќ умираше од смеа(видео)
-
Воздржете се министре, не е пригодно: Амбасадорот спречи дипломатски скандал на Борис Џонсон (Видео)