| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се документите на пучистите: Планирале убиство или апсење на Ердоган (видео)

Ал Џезеира дојде до документите кои откриваат дека лицата кои учествуваа на обидот за воен удар во Турција планирале да го уапсат или да го убијат Реџеп Таип Ердоган.

Во преписките кои ги воделе пучистите преку сервисот за пораки WhatsApp се наоѓаат детали за отстранување на турскиот претседтаел и имињата на 80 лица кои би требало да ја преземат власта.

Исто така содржат инструкции за воените сили да отворат оган на полициските службеници кои би пружале отпор.

Од нив може да се види дека меѓусебно комуницирале најмногу со водачот на воениот удар од кого ги пренесувале наредбите, како и повратните информации.

Ударот требало да почне подоцна, односно во три наутро, но изгледа дека информациите протекле и дека биле принудени да почнат побргу.

Директорот на канцеларијата на „Ал Џезеира“ во Истанбул потврди дека три хеликоптери со 40 припадници на специјалните сили упаднале во хотелот во Мармарис каде престојувал турскиот претседател, а војниците требало да го уапсат или да го убијат, се наведува во документите.

Но, Ердоган го напуштил хотелот со проватен хеликоптер половина час пред доаѓањето на одметнаните војници.

Главниот водач на ударот бил Генералот кој бил командант на воздухопловните сили се до 2015 година.

Предводниците на ударот очекувале дека народот ќе ги поддржи

-Документите до кои дојде „Ал Џезеира“ веројатно се доставени од највисокиот врв на турската влада. Впо нив се наведува дека воениот удар требало да почне во 21:30 часот по локално време, со заземање на двата најголеми моста во Истанбул и државната ТВ станица. Во исто време, три хеликоптери и 40 војници требали да го заземат хотелот во Мармарис во кој престојувал претседателот Ердоган, објаснува политичкиоит аналитичар Марван Бишара.

Најинтересниот дел се однесува на списокот на  80 лица кои би требало да ги заземат клучните позиции во државата по реализацијата на воениот удар, додава Марван.

-Ударот траеше од прилика шест часа и целата ситуација изгледа навистина чудно. Предводниците на ударот очекуваа дека народот ќе ги поддржи масовно и дека остатокот ос воените сили ќе им се присружи. Тоа се разбира, не се случи.

Претседателот Ердоган ги замоли граѓаните да излезат на улица и да останат таму, бидејќи смета дека кризата сеуште трае.

-Шест илјади лица се до сега уапсени, што укажува на тоа дека Ердоган можеби ја користи ситуацијата за да ги трне сите критичари на неговата влада, наведува Бишара додавајќи дека сеуште не е извесно во кој правец ќе тргне Турција.

-Иднината на таа држава ќе зависи од повторното воспоставување на вистинска демократија, а самиот процес мора да биде политички. Владата на Ердоган ќе мора да ги вклучи сите политички партии во тој процес и да обезбеди отворена и сериозна дискусија за иднината на Турција. Важно е да се напомене дека турската опозиција на самиот почеток се спротивстави на воениот удар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top