Авионот со кој турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ноќта кога е извршен пучот се враќал од одмор во Истанбул, за време на летот бил на нишан на пилоти-пучисти кои летале со два борбени авиони Ф-16, но сепак не пукале.
Турскиот лидер се вратил во Истанбул од Мармарис.
-Авионот на Ердоган беше на нишан на најмалку два ловци Ф-16 додека леташе за Истанбул. Во придружба на авионот во кој е наоѓаше Ердоган исто така имаше два авиони Ф-16. Зошто не пукале е мистерија, изјавил поранешен воен офицер запознаен со инцидентот.
Претходно беше обајвено дека кратко по напуштањето на хотелот каде бил сместен турскиот претседател, истиот бил бомбардиран.
-Ја избегна смртта за неколку минути, изјавува друг анонимен извор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.