ВМРО-ДПМНЕ им го честита Воскресението Христово – Велигден на православните христијани во Македонија.
– Овој светол празник е ден кога доброто победува над злото, а животот ја победува смртта. Ова е ден кога кај секој од нас повторно се раѓа надежта за подобар свет, за подобро утре. Блаженството и спокојот кои ги носи овој празник да ги споделиме со нашиот ближен, со нашите најмили, нашите роднини, соседи, со нашите пријатели. Велигден е Ден на радоста, која извира од секој храм, од секој дом, од душата на секој верник.
– Велигден е денот кога го славиме животот и ден кој не потсетува на потребата својот живот да го поминеме исполнет со љубов и духовен мир, со почит кон семејството, но и толеранција и разбирање кон другите.
– Само во тој дух можеме да ја исполниме целта на сопствениот живот, но и да придонесеме кон благосостојба и напредок на другите околу нас, да придонесеме за просперитетна и духовно побогата Македонија, стои во честитката на владејачката партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


