Кошаркарите на Чикаго се последниот тим во НБА што ја мина првата рунда од плејофот, а тоа го сторија во мајсторката против Бруклин на гостински терен. Булс победија со 99-93 и ќе играат против шампионот Мајами во полуфиналето на источната конференција.
Жоаким Ноа со 24 поени и 14 скока, и Марко Белинели, со ист број поени о 6 скока, беа главните актери на мечот за конечен триумф на Чикаго. Карлос Бузер го заврши натпреварот со 17 поени и седум скока.
Кај домашните се истакна Дерон Вилијамс со 24 поени, шест скока и седум асистенции, додека Брук Лопез дополни 21 поени и девет скока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


