| четврток, 6 декември 2018 |

Тајна врска: Зошто е Франција е главната цел на џихадистите?

Нападот во Ница е трет терористички напад во Франција во последните шест месеци. Но зошто е Франција цел број еден на терористите?

francijaФранција има долга историја на судири и насилство на Блискиот Исток и во Северна Африка. Муслиманската популација во Франција трпеше долга дискриминација во општеството. Француските затвори денеска се место за регрутирање на нови екстремисти, додека на улиците јакне француската екстремна десница и секојдневно јавно искажува антимуслимански пароли. На сето тоа треба да се додаде и агресивната пропаганда на ИСИС.

francija-znaela-napadi-pariz-01Над 1.800 луѓе со француско државјанство лани заминале да се борат во Сирија и Ирак, додека 470 се од Белгија, од француското говорно подрачје. Веројатно годинава бројот е поголем. Оваа бројка ги загрижува Французите бидејќи споредено, од Египет, најголемата земја од арапскиот свет, на Исламската држава во истиот период и се приклучиле меѓу 600 и 1.000 борци.

francija5-e1344944471801Ница е ранлицва сама по себе, во градот живее голема муслиманска заедница, а од сите градови од Франција, има најдолга историја со радикалните елементи. Иако ИСИС ја презеде одговорноста, малкумина не се сомневаат дека зад масакрот на шеталиштето не стојат баш тие. Мухамед Булел, припадник на ИСИС и Ал Каеда, уби 84 лица, меѓу кои 10 деца и 10 тинејџери.

francija terorizamСе верува дек ИСИС има цела мрежа на прикриени терористи со задача да извршат напад во земјите каде живеат, далеку од Сирија и Ирак. Таа мрежа особено добро функционира во Европа, најдобро во Франција, што пак има врска што најголем број на постарите џихадисти од таа мрежа се или од Франција или од Белгија.

francija-znaela-napadi-pariz-02За нападите во Парис во ноември кога беа убиени над 130 лица, ИСИС се потпре на повратници од Сирија во Франција. Другите напади ги извршија лица кои немале многу конкретни кнтакти со џихадистите или со било каква обук. Најчесто се осаменици инспирирани од крвавите видеа на џихадистите. Но токму портпаролот на ИСИС во една од многуте пропагандни пораки на почетокот на мај повика токму за такви напади.

Nica-napad-u-Francuskoj-masakr-u-Nici-34   Коренот на проблемот на Франција со џихадистичкото движење можеби лежи и во периодот кога Франција беше колонијална сила и под себе ги држеше Тунис, Либан, Алжир и други држави од Северна Африка и Блискиот Исток.

Nica-napad-u-Francuskoj-masakr-u-Nici-32Во 20-тиот век, по независноста на државите, многу граѓани од колониите се преселија во Франција. Најчесто се доселувани во сиромашните предградија и работеле во фавбриките. Најголем дел од тие фабрики се затворени последните неколку децении, а паралелно се развиваше и чувството за изолирање од општествениот живот.

deca nicaСоцијалната криза во прв план ја стави екстремната десница која забележува се поголема популарност и се подобри изборни резултати. Во цела Франција се погласни се антиисламските пароли, додека од друга страна отпорот на муслиманите расте.

nica aerodromНица не е искллучена од тој тренд, но тоа што е интересно и што можеби најдобро го покажува отпорот кон ставовите на екстремниот Национален Фронт е што оваа партија ги загуби изборите во тој регион.

Сепак, тензиите растат, а лидерката Марин Лепен по нападот во Ница изјави дека е „неопходно да се прогласи војна со фундаменталниот ислам“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top