Неславен почеток имаше Антонио Конте на клупата на премиерлигашот Челси, запишувајќи деби пораз од 2-0 на пријателскиот натпревар против Рапид Виена.
Конте, силно посакуваше триумф на својот прв натпревар како предводник на еден од најголемите европски клубови, но мораше да се помири со поразот во Виена кој беше најавен со погодокот на Бразилецот Жолинтон, уште во 8. минута од натпреварот.
Во второто полувреме, во 83. минута од натпреварот, по грешката на Ивановиќ, во брз напад Томи погоди за конечни 2-0.
Челси гостуваше во Виена на Рапид, кој со овој дуел го отвори својот нов „Алијанц“ стадион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)