
Поради моменталната состојба во Турција, ИТФ женскиот турнир вреден 50.000 долари, кој се одржува во Бурса, Турција, е прекинат од страна на Интернационалната тениска федерација.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска требаше да игра во полуфиналето на турнирот против домашната тенисерка, и прва носителка, Ипек Шојлу од Турција, но турнирот е комплетно откажан.
Ѓорческа е на сигурно во Бурса, безбедна, но како што информираат од Македонската тениска асоцијација препораките од македонското Министерство за надворешни работи се да ја напушти Турција.
– Во моментов сме во контакти со македонското МНР и со Агенцијата за млади и спорт , и согласно нивните препораки МТФ ја советува Лина за нејзино заминување од Турција – не информираа од Македонската тениска асоцијација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


