| четврток, 6 декември 2018 |

Раониќ го откажа учеството на ЛОИ во Рио поради вирусот Зика

Tennis Australian Open 2016

Сензационално го елиминира Роџер Федерер од престижниот турнир во Лондон за прво свое финале на Вимблдон и поради одличната форма Милош Раониќ доби една од фаворитските улоги за претстојните Олимписки Игри. И покрај тоа, канадскиот тенисер одлучи да изостане поради страв од Зика вирусот.

– Со тешко срце морам да објавам дека се повлекувам од учеството на Олимписките игри. После мноу разговори со моето семејство и тренерите одлучив од зравствени причини, поради Зика вирусот да не играм во Рио. Ова беше многу тешка одлука која ја донесов и не би сакал да им влијаам на уште многу спортисти да го сторат истото. Сакам да и се заблагодарам на Тениската федерација на Канада како и Олимпискиот комитет за поддршата. Бев горд што бев дел од олимпискиот тим на Канада во Лондон во 2012 и ова лето ќе навивам за сите нив – напиша Милош Раониќ на својот фејсбук профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top