
Францускиот тим Лион е „заглавен“ во Турција, но, сепак, на безбедна локација, откако вчера пристигна во Истанбул на пријателски натпревар со Фенербахче. Но, поради новонастанатата состојба во Турција и обидот за државен удар и симнување од власт на претседателот Ердоган, кој се покажа како неуспешен, пријателскиот меч е откажан. Сепак, аеродромите се уште не се во функција, па фудбалерите на Лион остануваат во хотелот каде ќе чекаат понатамошни инструкции.
– На сигурно сме, но натпреварот е откажан. Во една ваква ситуација, не е безбедно да се игра фудбал.Чекаме понатамошни информации и се надеваме дека многу брзо ќе се вратиме во Франција – е официјалниот став на раководството на Лион.
По синоќешните големи немири во Истанбул и во Анкара, денеска полека состојбата се нормализира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


