| четврток, 6 декември 2018 |

БАФТА наградата за Мајкл Пелин

Британскиот комичар, актер и писател Мајкл Пелин (62) е годинешниот добитник на угледната награда БАФТА за пет децении придонес кој забавата и телевизијата. Пелин се прослави како еден од основачите на сатиричната група Монти Пајтон.

мајкл пелин

Признанието на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА) на Пејлин ќе му биде доделена на свеченоста закажана за 12-ти мај.
– Многу сум свесен дека секој успех што сум го остварил е заслужна тимската работа. Целата кариера бев благословен со инспирацијата и поддршката на другите – изјави Пејлин.
Тој во 1988 година веќе беше награден со признанието на BAFTA за најдобра споредна улога во филмот „Рибата наречена Ванда”.  Кон крајот на 1980-те Пејлин се концентрираше со патеписните документарни филмови, појавувајќи се во документарните филмови „Пат околу светот за 80 дена”, „Од Пол до Пол” и во најновиот „Бразил со Мајкл Пејлин”.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top