| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган го повика народот да излезе на улица за да ја одбрани Турција од воен пуч (ВИДЕО)

Турскиот претседател Ердоган се појави на Ци-ен-ен Турк и преку видеоврска остварена преку Фејстајм на телефонот на презентерката му порача на турскиот народ дека воениот удар ќе биде надминат и ги повикува граѓаните да излезат на плоштадите и на аеродромите и да му се спротивстават на државниот удар.

Тој уште еднаш го увери народот дека се уште е претседател на земјата и врховен командант, а ситуацијата ја опиша како обид за дестабилизавија од мала група во војската.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top