| четврток, 6 декември 2018 |

Бунт на дел од турската војска, блокирани стратешки точки на Истанбул, авиони летаат над Анкара

Турските и светските медиуми јавуваат дека турската војска вечерва ги блокирала стратешките точки на Истанбул и дека најверјатно се работи за државен удар. BBC наведува дека се блокирани мостовите во Истанбул, а Ал Џезеира ја пренесува изјавата на турскиот премиер дека војската дејствува без одобрение на цивилната власт. Медиумите јавуваат дека се видени авиони во низок лет над Анкара и во другите турски градови.

Турскиот весник Хуриет пренесува дека Турција се соочува со бунт на дел од војската, но дека ситуацијата не може да се нарече државен удар. Турскиот премиер изјави дека се работи за бунт на мал дел од војската кон генералштабот. Тој кажа дека има блокада на некои стратешки објекти и безбедносните сили се активирани за да се реши ситуацијата. Сите припадниците на Министерството за внатрешни работи на Турција се повикани вечерва да се активираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top