Фудбалерот за врска на Вест Хем, Димитри Паје, сепак нема да ги промени клупските бои од наредната натпреварувачка сезона. Пред почетокот на Европското првенство постоеја шпекулации за негово можно заминување од Вест Хем, но францускиот репрезентативец потврди дека и наредната сезона ќе игра во дресот на „чеканите“.
– Слушнав дека за мене постои огромен интерес и доста сум поласкан, но моето срце му припаѓа на Вест Хем. Имавме фантастична сезона и едвај чекам да истрчам на новиот Олимписки стадион. Го сакам овој клуб, останувам – порача Паје.
Покрај одлуката на Паје да остане во премиерлигашот, раководството на Вест Хем посочи дека воопшто не ги разгледува понудите за услугите на Французинот кои се под 60 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата
-
Премиер лигата конечно ќе добие зимска пауза, но нема да стартува од следната сезона
-
Премиерлигашите потрошија рекордни 430 милиони фунти во зимскиот трансфер период