Терористот од Ница Лауеј Булел не бил типичен исламист; не почитауваше ниту едно правило кое муслиман би требало да ги почитува, не одел во џамија, пиеше алкохол, се дрогираше, јадеше свинско, им откри на британските медиуми неговиот роднина.
31-годишникот кој низ Ница посеа смрт и страдање бил оженет и има три деца од 3 до 5 години. Но, неговата жена поднела барање за развод бидејќи ја тепал.
Булел и бил познат на полицијата поради ситни кражби и престапи. неодамна ја загубил работата на доставувач бидејќи заспал на воланот и го чукнал службениот камион и уште четири автомобили. Освен тоа, често знаел и да се степа во кафеаните.
Валид Хаму, роднина на неговата жена Хајер Кхалфалах рекол дека Булел не бил религиозен.
-Не одеше во џамија, не се молеше, ниту постеше за Рамазан. Пиеше, се дрогираше и јадеше свинско месо-се што на муслиманите им е забрането. Тој не беше муслиман, тој беше обично го*но! Ја тепаше жената и воопшто беше насилен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.