| четврток, 6 декември 2018 |

„Прегазувајте гнасни француски неверници“ – Нападот во Ница најавен уште пред две години

terorist id

Лидер на Исламска држава ги најавил терористичките напади како оној кој вчера се случи во Ница. Абу Мухамед Ал Аднани во септември 2014 година излезе со изјава во која ги повика џихадистите да влезат во возилата и да ги прегазат француските неверници.

– Ако можете да убиете неверници од Америка или Европа, особено гнасни француски неверници или Австријци, Канањани направете го тоа. Убијте ги сите неверници и во оние држави кои се дел од коалицијата во војната против Исламска држава. Убијте како знаете и умеете, порача Ал Аднани во 2014 година.

Ал Аднани оваа година стана главен портпарол на ИД во Ирак, а за време на воздушен напад беше повреден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top