| четврток, 6 декември 2018 |

Разбиена голема шверцерска мрежа на марихуана

Шпанската полиција соопшти дека разбила голема мрежа за одгледување и шверц на марихуана од Шпанија во Холандија, при што се уапсени 21 лице. Поголемиот број од уапсените се Холанѓани.

уапсени

Во акцијата во која учествувале околку сто полициајци е извршен претрес на 22 објекти, при што се запленети 14 луксузни возила и 6 мотоцикли, со вкупна вредност од 1,1 милиони евра, како и 15 килограми хашиш и еден килограм екстази.

При акцијата во реонот на Малага, полицијата откри и 15 плантажи на кои биле засадени 13.000 садници со марихуана.

Поради сомнеж дека е стекнат од шверц на наркотици, замрзнат е имот во вредност од 4,4 милијарди евра, меѓу кои се и 23 згради, од кои 18 во Холандија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top