| четврток, 6 декември 2018 |

ЛШ ждрепка: За Вардар лесно ако направи подвиг против Динамо Загреб

vardar-dinamo-zagreb-120716

Македонскиот првак Вардар би имал релативно лесен противник во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, доколку направи чудо и го елиминира Динамо Загреб на реваншот на „Максимир“, откако го загуби првиот меч во Скопје со 1-2. Денешниот ждреб на УЕФА го одреди следниот ривал, и тој не е воопшто „звучен“, но не и квалитетен.

vardar zdrepka

Вардар, под услов да го елиминира Динамо Загреб, би играл со победникот од дуелот меѓу Динамо Тбилиси (Грузија) и Алашкерт (Ерменија). По првиот меч Динамо Тбилиси обезбеди предност од 2-0, а во редовите на Алашкерт игра поранешниот играч на Вардар, Ерменецот Артак Дашјан.

Првиот натпревар од третото квалификациско коло од ЛШ, Вардар би го играл дома на 26/27 август, а по седум дена ќе следи и реваншот. Сепак, по првите 90 минути во Скопје, хрватскиот првак Динамо Загреб е многу поблиску до пласман во третата квалификациска рунда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top