| четврток, 6 декември 2018 |

Снимка од моментот кога е убиен напаѓачот во Ница (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Ден по масакрот во Ница – Ница е град на мртви. Се пребројуваат жртвите, им се укажува помош на повредените.

Полицијатаоткрива нови детали за синоќешниот масакр, познат е напаѓачот, а се истражува дали имал соработници.

На интернет е објавена и видеоснимка од моментот кога е совладан тероростот Мохамед Лахуаиеј Булел, 31-годишен жител на Франција и Тунис.

Изрази на сочуство пристигнуваат од целиот свет. Странските амбасади потврдуваат дека има нивни граѓани меѓу загинатите. Последно Амбасадата на САД потврди дека двајца од 84-те загинати се американски државјани.

Во меѓувреме, на Твитер се огласи и Доналд Траск, кој напиша: „Каков парадокс, луѓето во Ница прославуваа слобода, еднаквост и братство“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top