Полицијата и мештани од селото Лазарополе и утрово трагаат по две лица кои од вчера заскитале на планината Бистра. Според СВР Тетово, последниот контакт, со нив синоќа го оствариле блиски роднини.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, информираше дека скопјанка, вчера околу 13 часот пријавила оти нејзиниот татко Љ.М. (78) братот С.М. (50), кои престојувале во Лазарополе, изгубиле ориентација при прошетката по планината Бистра.Тие најверојатно се упатиле кон месноста „Ѓуреци“ и се изгубиле по што не можеле да се вратат назад.
По пријавувањето, полициски службеници од станицата Ростуше и мештани од селото вчера започнале потрага по нив, која продолжи и денеска наутро.
Според последните информации, досега не се пронајдени, а последниот телефонски контакт со нив бил вчеравечер околу 22 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.