Францускиот народен службеник за подрачјето на Ница, Ерик Сиоти , за локалните медиуми изјавил дека и самиот ја видел полицајката што скокнала на камионот за да го запре напаѓачот што синоќа усмрти 84 луѓе во терористичкиот напад во француското летувалиште.
– По тој момент на полицајците им беше овозможено да го неутрализираат терористот. Нема да го заборавам нејзиниот поглед кога застана пред него – изјавил Сиоти за радиот Европа 1.
Жител на Ница, кој бил сведок на нападот, изјавил дека напаѓачот се појавил ододенаш, почнал да гази луѓе од толпата, а потоа отворил и оган.
– Беше колеж на патот. Тела насекаде… страшно – изјавил Васим Булел за АП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.