| четврток, 6 декември 2018 |

Очај по Ница, си ги бараат роднините и пријателите на „Твитер“ дали се живи

Gun and Truck attack in Nice

Терористичкиот напад во Ница однесе најмалку 84 животи, додека повеќе од 100 лица се сместени во болница. Бидејќи идентитетот на жртвите сè уште не е објавен, голем број семејства преку социјалните мрежи се обидуваат да дојдат до информации за своите најблиски.

– Мојот брат не се јавува на телефон. Ова е неговата фотографија. Ве молам јавете ако сте го виделе, е само еден од пораките објавени брзо по нападот.

tviter potraga1

– Ве молам помогнете ми, ова е мојата пријателка Шарлот, последен пат е видена синоќа на променадата, напишала корисничка на „Твитер“ објавувајќи фотографија од пријателката.

tviter potraga

Неколку илјади луѓе користејќи хаштаг #RechercheNice  побараа помош во пронаоѓањето на своите најблиски.

potraga-tviter3

potraga-tviter4

potraga-tviter5

Многу луѓе споделуваа и корисни информации, како на пример во кои болници е потребно најмногу да се донира крв, како и кои таксисти нудат бесплатен превоз за тие на кои тоа им е најпотребно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top