| четврток, 6 декември 2018 |

Викал Алах акбар додека газел луѓе цели два километра – убиениот треорист имал камион полн со оружје

Во камионот на напаѓачот од Ница, кој синоќа уби повеќе од 80 и повреди преку 100 луѓе, била пронајдена неговата лична карта и е потврдено дека станува збор за Французин со потекло од Тунис. Камионот, како што јавија францустките медиуми, бил полн со оружје.

Неговите точни мотиви засега не се познати, но се шпекулира дека бил поврзан со ИСИС и дека зад нападот,  уште еднаш стои муслиманскиот радикализам. Светските медуими пренесоа дека напаѓачот ѝ бил познат на полицијата поради потенцијални кривични дела и сомнителни активности, но не бил директно поврзуван со тероризам.

Nica-napad-u-Francuskoj-masakr-u-Nici-620x350

Камионот тежок 19 тони ја пробил блокадата што била поставена во 22,30 часот и почнал да ги гази луѓето што биле излезени за да го гледаат огнометот за националниот празник на Франција. Тој успеал да помине цели два километра пред полицијата да го убие. Според изјавите на сведоците што биле присутни на овој страшен напад, тој извикувал Алах акбар додека ги газел невините луѓе.

Во камионот била пронајдена личната карта на терористот, а како што јавија локалните медиуми, бил полн со оружје и со гранати. Според ова сознание, како што јавија дел од светските телевизии, најверојатно по газењето со камионот, тој планирал да продолжи со нападот врз невината толпа со целиот арсенал со кој располагал.

Францускиот претседател Франсоа Оланд ѝ се обрати на јавноста по нападот, кој го опиша како монструозност, додавајќи дека по цела Франција ќе биде распоредена војска. Исто така, тој истакнал дека вонредната состојба во Франција ќе биде продолжена за уште три месеци. Оланд изјавил и дека Франција ќе ги засили ударите врз ИСИС во Ирак и во Сирија и дека степенот на тревога во земјата ќе биде на најисоко ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top