| четврток, 6 декември 2018 |

Авионот се вртел како да изведува акробации: Пронајдени јагленисаните тела на патниците

Ljubljana-nesreca-06-620x350

Приватен авион кој летал на линија Венеција – Лајпциг се урна на западот на Словенија, а сите четворица патици загинаа. Авионот исчезнал од радарот околу 10.34 часот, а неколку часа подоцна неговите остатоци се пронајдени во Предмеје. Полицијата го обезбедува местото на несреќата, а очевидци опишуваат дека леталото непосредно пред несреќата се вртело акко да изведува акробаци. Пожарникарите ги порнашле јагленисаните тела на патниците, а непосредно пред уривањето пилотот известил за проблеми во текот на летот.

Полицијата потврдува дека авионот бил во беспрекорна состојба и ги имал сите потребни дозволи за лет.

Експертите веруваат дека до несреќа дошло поради лошите временски услови, а имајќи го рпедид лошото време никому не му е јасно акко воопшто добил дозвола за лет.

Пипер 32 е авион кој може да лета до висина од 5.000 метри, но не е погоден за летање на ниски температури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top