| четврток, 6 декември 2018 |

Утре започнува саемот „Купи куќа, купи стан“

saem

Утре започнува саемот „Купи куќа, купи стан“ во Сити Мол. На саемот ќе учествуваат 20 градежни компании и банки кои се во проектот и претставници на Министерството за финансии. Како што е најавено, на саемот ќе се нудат попусти на актуелните цени на становите кои можат да достигнат и до 200 евра по квадратен метар. Проектот „Купи куќа, купи стан“ нуди субвенции и до 14.000 евра за купување на нов дом. Досега овој владин проект помогнал на повеќе од 680 семејства да го решат станбеното прашање. Граѓаните кои сакаат да се информираат повеќе за проектот можат да го посетат саемот од утре, 29 октомври до недела – 1 ноември.

saem3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top