Целиот регион го потресе веста дека изминатиов викенд младо момче прво силувало, па убило тригодишно девојче во Заечар – Србија, а познајниците на убиецот Владица (28) откриле за медиумите каков бил тој кога бил помлад.
– Секогаш мирен и повелечен, се сретнувавме на родендени на заеднички пријатели и на разни прослави. Не можев да поверувам кога неговата фотографија се појави во медиумите дека тој го извршил убиството. Уште и тоа убиството што го призна, останав во шок – изјавила Марија Ѓ. (28) од Заечар.
Според неа, Владица бил повлечен, многу срамежлив и културен.
– Секогаш седеше одвоено од сите. Со години го гледав повремено, беше некако ненаметлив. Дали неколку зборови имав разменето со него, а сме генерација. Се сеќавам во една пригода ми отстапи парче торта и ми остави впечаток на културно момче – изјавила девојката.
Таа додала дека Владица никогаш не го видела со девојка, а не покажувал интерес ниту за дружење со некој од нивните врсници.
– Никогаш не сум го видела, ниту сум чула дека Владица имал девојка. Мислев дека е поради тоа што е срамежлив, но еве сега гледам дека нешто друго било во прашање. Секогаш беше сам. Навистина се стаписав кога дознав за тоа што го направил – завршила Марија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Роналдо признал дека ја силувал Мајорга!
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Маж со месеци силувал тригодишно девојче