| четврток, 6 декември 2018 |

Во манастирот Трескавец почнаа градежните работи, Груевски го посети обнoвениот манастир Зрзе (видео)

 

Во манастирот Зрзе, Прилепско, е завршена повеќегодишната обнова и по неколку децении е изграден нов пат, на барањето на жителите и на манастирот.  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вчера беше во посета на долненско-пелагонискиот крај и го посети и манастирот Зрзе. За ова Владата преку Министерството за култура и министерството за транспорт и врски инвестираа 3.1 милион евра.

Изградбата на нови конаци и обновување на старите на манастирот „Св. Преображение” и за археолошки истражувања како проект на Министерството за култура инвестирани се околу 92 милиони денари. За изградба и проширување патот во должина од 7,5 километри, завршен на 15 септември 2015 година беа инвестирани средства во висина од 1 милион и 600 илјади евра.

Археолошките истражувања овозможија да се пронајде ранохристијанска базилика од 4 век, и подоцнежни наоѓалишта, кои датираат неколку века подоцна кои покажуваат присуство на учениците на свети Климент на просторите на Зрзе.

Владиката Климент кој управува со манастирот истакна дека обновата и изградбата на патот помогна за значително зголемување на бројот на посетителите

Истовремено во текот на вчерашниот ден започна и обновата на опожарениот манастир Трескавец во Прилеп.

Министерството за култура обновата на опожарените конаци ја финансира со средства во висина од 2 милиони евра.Пред две и пол години таму беше изграден комплетно нов пат за што беа инвестирани дополнителни 1,4 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top