Објавен е трејлерот од новиот македонски филм „Ослободувањето на Скопје“, кој својата премиера ќе ја има престојното издание на фестивалот „Браќа Манаки“.
Главната улога во филмот ја толкува 11-годишниот Давид Тодосовски, кој дебитира во овој филм, а покрај него настапуваат и актерите: Силвија Стојановска, раде Шербеџија, Мико Ноусаинен, Луција Шербеџија, Небојша Глоговац, Петар Мирчевски, Јари Вирман, Дејан Лилиќ, Денис Абдула, Аксел Мехмед и други.
Сценариото е на Душан Јовановиќ и на Раде Шербеџија, а во една фаза на филмот на него работел и Живоин Павловиќ.
Главниот лик во оваа приказна е малиот Зоран (Давид Тодосовски), осумгодишно момче и низ неговите очи се прикажуваат суровите сцени на војната, сликите на сиромаштијата и страдањата за време на окупираното Скопје. Таткото на Зоран е заминат во партизани, истовремено се случува љубовна драма помеѓу мајката на момчето и еден германски офицер…
Директор на фотографијата е Дејан Димески, музиката е на Влатко Стефановски, монтажата на Николас Гастер, дизајн на продукција е Иван Бартлинг, а костимите се на Жељка Франуловиќ.
Продуценти се Роберт Насков, Горјан Тозија, Владимир Анастасов и Игор Нола. Продуцентски куќи: „Партизанс“, „Lijeni film“, „Art Films Production“, „MP filmska produkcija“, а копродуценти „Кино око“, F&M, YLE.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)