Најмалку седум лица се повредени во силното невреме што ја зафати Москва. Силен дожд, град и ветер го зафати главниот град на Русија.
Руските медиуми пишуват дека од удар на гром и паднато дрво четворица се повредени во Москва, а тројца во предградието на овој град.
Многу улици во руската престолнина се под вода, а брзината на ветерот достигнуваше дури 64 километри на час.
Невремето предизвика застој во сообраќајот, а посебно бил погоден севернозападниот дел на градот.
Медиумите пишуваат дека невремето не предизвикало сериозни штети во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.